Достапни линкови

Грција поддржува ревизија на санкциите против Русија


Грција вели дека поддржува ревизија на санкциите на Европската унија против Русија, за нејзината вмешаност во конфликтот во источна Украина. По денешните разговори меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас рече дека расте незадоволството за санкциите против Русија и дека група на држави сакаат да се преиспитаат санкциите.

Коцијас не кажа кои земји на ЕУ се дел од оваа група, но истакна дека Брисел треба да разгледа други решенија. Тој исто така додаде дека Грција може да служи како медијатор меѓу Москва и Брисел. Лавров рече дека Москва може да разгледа обезбедување на финансиска помош за Грција, ако Атина тоа го побара.

Грција е во конфронтација со ЕУ во врска со повторното преговарање за условите за спас на земјата, која вели дека би можела да побара финансиска помош Русија, Кина или САД, доколку не постигне договор со ЕУ.

XS
SM
MD
LG