Достапни линкови

Лавров: Украина бара подобра позиција на самитот во Минск


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја обвини Украина дека бара територијални придобивки во борбата против проруските бунтовници со цел да се подобри позицијата на Киев за врме на денешниот самит каде учествуваат четири земји во Минск.

Лавров, на прес-конференција во Москва изјави дека има значителен напредок во подготовките за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Лавров рече дека Украина не треба да бара контрола на границата со Русија во териториите што ги контролираат бунтовниците, како предуслов за било каков договор. Порошенко рече дека Украина бара прекин на огнот, повлекување на странските трупи и затворање на границите.

XS
SM
MD
LG