Достапни линкови

Белгискиот суд осуди член на радикална група


Судот во Антверпен осуди човек од Белгија на 12 години затвор, кој бил член на терористичка организација и регрутирал милитианти да се борат за Исламската држава во Сирија и Ирак.

Денешната пресуда против Фуад Белкацем, познат како Абу Имран, дојде за време на судењето на 46 лица обвинети дека припаѓаат на радикална група. Белкацем тврдел дека е само портпарол на групата која имала за цел да собори демократијата во земјата и да воспостави исламска држава.

Неколку следбеници на Белкацем денеска исто така се осудени под обвиненија за тероризам. Само девет од 46 обвинети се појавиле пред судот, за време на петмесечното судење. За другите се смета дека се во Сирија или дека се убиени.

XS
SM
MD
LG