Достапни линкови

Обама бара одобрување од Конгресот за борбата против ИД


Американскиот претседател Барак Обама, се очекува да го објави планот пред Конгресот, со кој треба на три години да биде овластена ограничена употреба на копнени сили против милитантите на Исламската држава.

Законодавците кои беа известени за предлог планот рекоа дека предлогот на Обама кој се очекува денеска, ќе дозволи употреба на американските специјални сили и советници за одбрамбени цели, но ќе забрани транјна офанзива на копнените сили.

САД ја предводи меѓународнаат коалиција која од август спроведува воздушни напади против милитантите на ИД во Сирија Ирак. Стотици американски сили исто така беа распоредени во Ирак во мисијата за поддршка и советување.

Обама во ноември рече дека ќе бара од Конгресот одбрување за замена на издадените овластувања во 2001 и 2002 година, кога претседател беше Џорџ Буш. Американските законодавци се очекува да дискутираат за предлогот на Обама и на 23 февруари да гласаат.

XS
SM
MD
LG