Достапни линкови

logo-print

Студентите прогласија автономна зона


Студентите денеска на Филолошкиот и на Филозофскиот факултет прогласија автономна зона при Универзитетот Свети Кирил и Методиј и најавија дека ќе дејствувале паралелно со одвивањето на наставата.

Повторно побараа изгласување нов закон за високото образование во кој ќе бидат вклучени сите страни и порачаа дека нема да се откажат од нивните барања.

Претходно го блокираа влезот на двата факултети, а на крајот Студентскиот пленум ги повика сите студенти да влезат во просториите и да ги окупираат. На платото пред УКИМ имаше собрано неколку стотици студенти.

XS
SM
MD
LG