Достапни линкови

Кремљ ќе учествува на разговорите во Минск


Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска во Минск ќе учествува во разговорите во врска со конфликтот во Украина, со лидерите на Украина, Германија и Франција. Во изјавата на својот веб сајт, Путин вели дека Кремљ денес патува во Минск, каде ќе учествува во преговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

Планираната средба е дел од дипломатскио притисок, предводен од Меркел и Оланд, да се стави крај на конфликтот во источна Украина во кој загинаа повеќе од 5350 луѓе и сериозно ги залади односите меѓу Москва и Западот.

Путин и други официјални лица претходно изјавија дека наколку прашања треба да бидат расчистени пред да се одржат разговорите. Францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус денеска изјави дека средбата во Минск е навистина последна шанска за преговори.

XS
SM
MD
LG