Достапни линкови

Австралија ќе учествува на годинашниот Евросонг


Европската радиодифузна унија соопшти дека Австралија ќе учествува на годинашното издание на Евросонг во Виена. „Да, прочитавте правилно“, пишува на веб страницата на Евровизија, при што се објаснува дека ваквата невообичаена географска одлука е за да и се даде поширока димензија на 60 годишнината на ова натпреварување. Евросонгот е многу популарен во Австралија и таму се пренесува веќе 30 години.

XS
SM
MD
LG