Достапни линкови

logo-print

Владата на Ципрас доби доверба во парламентот


Грчката радикално левичарска влада доби доверба во парламентот пред денешните разговори во Брисел со меѓународните кредитори. За владата гласаа 162 пратеника, додека 137 беа против. Пред гласањето премиерот Алексис Ципрас во собранието изјави дека нема враќање назад во грчкото настојување повторно да преговара за условите околу финансискиот пакет за спасување на земјата. Ципрас и неговата партија Сириза беа избрани на 25 јануари со ветување дека радикално ќе ублажи острите мерки за штедење. Грчката влада исто така најави дека нема да дозволи странските кредитори да го надгледуваат спроведувањето на спасувачкиот план.

XS
SM
MD
LG