Достапни линкови

logo-print

Студентскиот пленум незадоволен од новите измени


Студентскиот пленум за денеска најави формирање таканаречена автономна зона пред платото на УКИМ, како и проширување на прекинот на наставата и на другите факултети. Од Пленумот велат дека не е доволно што ќе биде ставен двегодишен мораториум на новиот закон за високо образование со кој се воведува државен испит, бидејќи бараат негово целосно укинување. На студентите им се придружува и Професорскиот пленум. Собранието на Македонија на вчерашната седница реши по скратена постапка да ги усвои измените на законот за високо образование, но гласањето е закажано за денеска откако ќе мине на матичните комисии. Собранието ќе се изјасни и за законите за хонорарите и за редовно вработување.

XS
SM
MD
LG