Достапни линкови

logo-print

Во Минск самит за Украина


Во белорускиот главен град Минск денеска се очекува лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија да ги разгледаат начините за смирување на украинската криза. Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд планираат да се состанат со претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Петро Порошенко, но изгледите за успех се мали со оглед на се пожестоките борби на истокот на Украина. Американскиот претседател Барак Обама вчера телефонски разговарал со Путин и со Порошенко. Белата куќа соопшти дека Обама побарал од Путин да ја искористи можноста за мирно решавање на конфликтот во кој досега загинаа над пет илјади и 300 луѓе. Киев соопшти дека проруските сепаратисти вчера истрелале гранати врз воена касарна во Краматорск при што загинале 15 цивили.

XS
SM
MD
LG