Достапни линкови

Во Австралија осуетен терористички напад


Австралиската полиција соопшти дека осуетила терористички напад во Сиднеј при што уапсила две лица кои поседувале мачети, ножеви, како и видео и знаме на милитантите на Исламската држава. Тие се обвинети за подготвување и планирање терористички напад што наводно би требало да биде извршен денеска. Во септември минатата година Австралија го подигна степенот на тревога од терористички напади. Во декември двајца заложници и вооружен напаѓач беа убиени откако полицијата презеде акција за ослободување на заложниците во еден ресторан во Сиднеј.

XS
SM
MD
LG