Достапни линкови

СДСМ на средби со странски амбасадори


Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателот на партијата Радмила Шеќеринска вчера имаа средба со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Ернст Рејчел и со амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаузер. Како што соопшти СДСМ, на средбата станало збор за објавувањето на тонските записи од прислушувани разговори. Според него, „објавените снимки што потврдуваат дека се прислушувани граѓаните во Македонија се само дел од доказите за незаконското и криминалното функционирање на актуелната власт“.Заев и Шеќеринска имаа средба и со амбасадорот на Швајцарија Стефано Лаѕарото.

XS
SM
MD
LG