Достапни линкови

Состанок на „Контакт групата“ во Минск


Претставници на Украина, Русија, ОБСЕ и на сепаратистичката група од источните региони во Украина, го започнаа состанокот на така наречената „Контакт група“ во Минск. Амбасадорот на Русија во Украина, Михаил Зурабов, поранешниот украински претседател, Леонид Кучма, специјалниот претставник на ОБСЕ, Хајди Таљиавини и овластени претставници од двата сепаратистички региони, Денис Пушилин од Доњецк и Владислав Динего од Луганск, денес беа на состанок во главниот град на Белорусија.

„Контактната група“ е механизам за разговори меѓу претставниците, која го создаде септемврискиот договор за прекин на огнот, кој не успеа да стави крај на насилството во источна Украина. Претставниците на контакт групата се состанаа во пресрет на самитот на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, кој е планиран за 11 февруари во Минск.

XS
SM
MD
LG