Достапни линкови

Заев го информирал швајцарскиот амбасадор за прислушувањето


Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателот на партијата Радмила Шекеринска денеска имале средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото. СДСМ соопшти дека Лаѕарото бил информиран за вчерашното објавување на тонските записи, за кои Заев тврди дека се прислушувани разговори.

Заев рекол дека „тоа е мал дел од доказите дека 20.000 граѓани биле прислушувани за неколку години со што актуелната власт влегува во нивниот приватен и професионален живот, кршејки ги елементарните човекови права“. Од тие причини СДСМ го почна проектот Вистината за Македонија, со единствена цел, враќање на слободата и демократијата во државата, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG