Достапни линкови

Штрос-Кан: Обвинителите претеруваат


На својот прв ден на сведочењето на француското судење за подведување, поранешниот лидер на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан рече дека обвинителите претерале со негавата зачестеност на неговите „промискуитетни вечери.“ Тој пред судот во Лил денеска рече дека за три години 12 пату учествувал на секс забави. 65 годишниот економист и уте 13 лица се обвинети за водење на синџир на проституција.

Поранешниот претседателски кандидат, рече оти не знаел дека некои од жените што учествувале во оргиите, биле проститутки, туку дека биле група на пријатели. Штрос-Кан се повлече од функцијат шеф на ММФ, откако беше обвинет за силување на собарка во хотел во Њу Јорк во 2011 година. Обвинувањата подоцна беа отфрлени, а два други случаи поврзани со сексуален напад и групно силување, исто така се отфрлени.

XS
SM
MD
LG