Достапни линкови

Путин и Сиси ќе градат нуклеарни централи во Египет


Рускиот претседател Владимир Путин, денеска разговараше со неговиот египетски колега, Абдел Фатах ал Сиси за вклученоста на Москва во градењето на централи за атомска енергија.

Путин по средбата со Сиси рече дека разговарале за „создавање на една цела нова нуклерна гранка од постројки во Египет“. Руските и египетските претставници потпишаа меморандум за разбирање и градење на никлеарна централа во Даба, што ќе биде првата постројка во Египет од ваков вид.

Сиси рече дека конфликтите низ светот ги загрозуваат цивилизациските вредности и со Путин се согласија на заеднички пристап фокусиран на потребата да им се спротистават на овие трендови и да воспостават поправеден светски поредок.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков и премиерот на Египет, Ибрахим Мухлаб исто така учествуваа во разговорите со Путин и Сиси.

XS
SM
MD
LG