Достапни линкови

15 милитанти се убиени во Пакистан


Силите за бебедност на Пакистан соопштија дека убиле 15 милитанти и дека загубиле еден војник во престрелка во југозападната провинција Балочистан. Три војници исто така биле повредени во судирот. Паравоените сили соопштија дека безбедносните сили запрлениле оружје и муниција од милитантите.

Неименуван официјален претставник изјавил дека милитантите припаѓале на сепаратиситичката група „Балох“, која изврши напади врз безбедносните сили и владини инсталации во провинцијата што се граничи со Иран и Авганистан. Провинцијата Балочистан во Пакистан е богата со минерали, но е една од најмалку развиените во Пакистан.

XS
SM
MD
LG