Достапни линкови

ОАЕ продолжуваат со нападите против ИД


Обединетите Арапски Емирати ги продолжија воздушните напади врз милитантите на Исламската држава. Војската на кралството соопшти дека авиони од типот Ф-16 денеска од Јордан нападнале позиции на милтинтите и безбедно се вратиле во базите. Емиратите и Јордан се дел од коалицијата предводена од САД и кои извршуваат воздушни напади против милитантите на ИД во Сирија и Ирак.

Но, Емиратите ги суспендираа нападите откако милитантите во декември го заробија јорданскиот пилот во Сирија. Пилотот беше убиен, а видеото од убиството беше објавено на интернет на 3 февруари. На 10 февруари Емиратите соопштија дека повторно започнуваат со борбените операции.

XS
SM
MD
LG