Достапни линкови

Нови жртви во конфликтот во Украина


Украинскиот претседател, Петро Порошенко изјави дека има значаен број на жртви, откако проектили погодиле украински воени седишта и станбена област во источниот град Краматорск. Локалните власти велат дека најмалку три лица загинале, а 15 биле повредени.

Порошенко денеска изјави пред Парламентот дека при нападот биле погодени неколку цивилни куќи и седиштето на „Антитерористичката операција“, како што Киев ја нарекува борбата против проруските сепаратисти во источна Украина.

Регионалната администрација на Доњецк контролирана од Киев соппшти дека ракетите биле испалени од областа Хорливка, која е контролирана од сепаратистите и се наоѓа на околу 50 километри од Краматорск. Едвард Басурин, кој е самопрогласен сепаратистички претставник на одбраната, вели дека бунтовниците не го гаѓале Краматорск и тврди дека тоа е надвор од нивниот опсег.

XS
SM
MD
LG