Достапни линкови

Нивото на Охридско Езеро расте, но нема опасност од поплави


Она што се случува во источна Македонија со поплавите не може да се случи кај нас благодарение на Охридското Езеро кое може да прифати огромна количина вода, вели Лазо Наумоски, екологист од Охрид.

Врнежите од дожд и снег го наполнија Охридско Езеро. Нивното на езерото е зголемено за 13 сантиметри и моментално е на кота од 693,37 метри надморска височина. Новите количества вода го зголемија нивото и на Преспанско и на Дојранско Езеро.

Ние можеме да го регулираме нивото на Охридското Езеро преку истекот на Црни Дрим во Струга. На годишно ниво просечно истекуваат по 22 метри кубни вода во секунда.

Лазо Наумоски, екологист од Охрид, вели дека во едни вакви услови добро е што сливното подрачје на Охридското Езеро може да прифати толку големи количества на вода.

„Ние можеме да го регулираме нивото на Охридското Езеро преку истекот на Црни Дрим во Струга. На годишно ниво просечно истекуваат по 22 метри кубни вода во секунда. Може тоа истекување да се зголеми максимум и до 100 метри кубни вода во секунда, што може да се излее од Охридското Езеро со што се намалува опасноста од поголеми еколошки последици. Колку таа вода ќе ја прифати Дрим кој потоа оди кон Шпилје и езерото Глобочица мора да се води сметка и за тоа. Не треба да се оптовари многу Црни Дрим за да не дојде до блокирање и на функцијата на колекторот во струшкиот дел“, рече Наумоски.

Но, живиот свет во Охридското Езеро посебно е адаптиран на овие природни флуктации на нивото на водите и нема поголеми проблеми. Тие секогаш биле и во иднина се повеќе ќе бидат под влијание на климатските промени.

Тој вели дека со климатските промени може да се очекува во иднина да има и поголеми врнежи од дожд.

„Стабилната кота на езерото е 693,60-693,80 метри и тоа е нивото кое треба постојано да се одржува. Езерото до сега се спуштило и до 693,20 и тоа во сушните периоди. Она што се случува во источна Македонија со поплавите не може да се случи кај нас благодарение на Охридското Езеро кое може да прифати огромна количина вода“, рече Наумоски.

Во контекст на најновата климатска и хидролошка состојба во земјата нормално е дека езерата и сите водни басени во регионот се соочуваат со зголемено ниво на водата, рече Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.

„Но, живиот свет во Охридското Езеро посебно е адаптиран на овие природни флуктации на нивото на водите и нема поголеми проблеми. Тие секогаш биле и во иднина се повеќе ќе бидат под влијание на климатските промени. Она што треба да се адаптира човекот односно треба да се менаџира состојбата и при ниски и при високи води. Прашање е колку човекот е адаптиран на овие примени затоа што нивоата на водите предизвикуваат поплави од една страна кои треба да се менаџираат“, рече Пановски.

Според Пановски поволен аспект од нивото на водите единствено економски гледано има за хидроенергетскиот систем посебно изразено во Дримскиот басен како огромен хидропотенијал.

XS
SM
MD
LG