Достапни линкови

Собранието за законите за високото образование и за хонорарците


На дневен ред на денешната седница на Собранието на Македонија е предлог законот за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка, откако во петокот во Владата беше постигнат договор за одложена примена на измените во постојниот закон, кои пратениците ги изгласаа на 14-ти минатиот месец. Со новиот предлог се одложува за една година спроведувањето на државниот испит за студентите, а за две години ќе се одложи обврската професорите да објавуваат научни трудови во списанија со импакт-фактор. Собранието денеска треба да расправа за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во саботата најави дека до Собранието ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, посочи дека со него се уважуваат дел од барањата на граѓаните за исплата на хонорари.

XS
SM
MD
LG