Достапни линкови

Обама не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со оружје


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ја разгледува опцијата за испраќање смртоносно одбранбено оружје за Украина доколку не успеат дипломатските напори за решавање на кризата во источна Украина. Говорејќи по разговорите во Вашингтон со германскиот канцелар Ангела Меркел тој оцени дека било јасно оти Русија не го почитува договореното во Минск. Меркел која се противи на снабдувањето на Украина со оружје призна дека дипломатијата досега не постигнала успех, но додаде дека ваквите напори мора да продолжат. Во меѓувреме во источна Украина, главно околу градот Дебалцеве продолжуваат борбите меѓу украинските сили и проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG