Достапни линкови

Судот решава за притворот на украинската пилотка


украинската воена пилотка Надија Савченко

украинската воена пилотка Надија Савченко

Московскиот суд денеска треба да реши дали да и го продолжи притворот на украинската воена пилотка Надија Савченко која штрајкува со глад. Таа во јуни минатата година беше заробена од проруските сепаратисти во источна Украина и префрлена во затвор во Русија. Обвинета е за учество во убиство на двајца руски новинари кои загинале за време на известувањето од војната во Украина. Савченко почна штрајк со глад на 13 декември во знак на протест поради нејзиното затворање.

XS
SM
MD
LG