Достапни линкови

logo-print

Обама: Русија го прекрши договорот за Украина


Американскиот претседател, Барак Обама по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, соопшти дека е јасно оти Русија го прекршила претходниот договор за Украина. Обама рече дека Русија испратила повеќе тенкови и артилерија, наместо да ја повлече воената опрема која што веќе беше присутна во источниот дел на Украина, каде проруските сепаратисти се борат со владините сили на Украина.

Обама изјави дека руската агресија предизвикува само засилено меѓународно единство. Обама вели дека Русија не може да ја прецрта границата во „бурето барут“. Меркел изјави дека Русија два пати го прекршила територијалниот интегритет на Украина, со нелегалното анектирање на Крим и со поддршката на сепаратистите во Доњецк и Луганск.

Меркел рече дека постоеле пречки во постигнувањето на дипломатско решение со Русија, но германската канцеларка рече дека не гледа никакво воено решение на ситуацијата во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG