Достапни линкови

Европа бара Грција да ги намали амбициите за долгот


Европските лидери побараа од грчките лидери да ги зауздаат своите амбиции за олеснување на финансискиот притисок врз земјата. Грчкиот премиер Алексиц Ципрас вчера рече дека тој се придржува кон плановите да се намалат мерките за штедење и одбивање на меѓународната финансиска помош.

Тој рече дека Грција ќе бара „мост“ договор, кој ќе и купи време на земјата за преговори за нов договор за отплата на долгот. Претседателот на Европската комисија, Жан Колод Јункер денеска рече дека Грција не треба да претпоставува дека целокупното расположение епроменето и дека Еврозоната безусловно ќе ја усвои владината програма на Ципрас.

Јункер рече дека не очекува договор со Грција на самитот на ЕУ ма 12 фрвруари или на средбата на министрите за финансии на Еврозоната. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле рече „доколку сакаат наша помош, трба да има програма со која се согласуваат кредиторите, а не помош за итни случаи каква што бара Атина.

XS
SM
MD
LG