Достапни линкови

logo-print

Во Ирак е убиен командант на иранската Револуционерна гарда


Командант на иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) е убиен во Ирак, објавија иранските медиуми. Од новинската агенција „Тасним“ од каде велат дека биле поврзани со ИРГЦ, соопштија дека Реза Хосеини Могхадам е убиен на 7 февруари во Самара, кога бил да се соочи со милитантите на Исламската држава.

Одредени портали објавија дека Могхадам, за кој тие велат дека бил ветран од војната меѓу Иран и Ирак во периодот од 1980 до 1988 година, пишуваат дека тој бил убиен од снајперисти на ИД и дека бил закопан во Наџаф. Могхадам е вториот висок член на Револуционерната гарда на Иран, кој за помалку од два месеци е убиен во Ирак. Техеран призна дека испраќа советници во Ирак да помогнат во борбата против милитантите на Исламскат држава.

XS
SM
MD
LG