Достапни линкови

30 дена притвор за двајцата осомничени во „Пуч“


Денеска е одреден 30 дневен притвор за двајцата последни осомничени во акцијата „Пуч“, едниот вработен во МВР, а другиот поранешен полициски службеник.

Оваа одлука ја донел судија на претходна постапка. Вчера МВР соопшти дека пријавените се товарат дека за употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и упатување на сериозни закани кон високи државни функционери и дека сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Од МВР рекоа дека според досегашните сознанија, двајцата осомничени биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, а наводно за тоа биле богато наградени. Засега во акцијата „Пуч“ се осомничени шестмина, меѓу кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев,поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга и локален раководител од општина Струмица.

XS
SM
MD
LG