Достапни линкови

logo-print

Премиерите на Србија и Косово на средба со Федерика Могерини


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини денеска во Брисел ќе ги пречека премиерите на Косово и Србија, во насока на натамошното нормализирање на одностите меѓу Белград и Приштина.

Ова ќе биде прва средба од ваков тип, откако српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа ги преземаа функциите. Нормализација на односите со соседните земји е клучен предуслов за земјите кои бараат членство во Европската унија. Косово прогласи независност во 2008 година, но Србија нема официјално да го признае како суверена држава.

Сепак во април 2013 година владите на Србија и Косово потпишаа договор од 15 точки за нормализација на односите. Бриселскиот договор го отвори патот за ЕУ да започне да работи со Косово на Договорот за стабилизација и асоцијација, а Србија да ги започне пристапните преговори.

XS
SM
MD
LG