Достапни линкови

Кримските власти затворија неколку активисти


Судот во Крим му одреди казна затвор на локалниот жител, Олександар Костенко под обвинение за напад на украински офицер за безбедност во Киев, за време на протестите во февруари 2014 година против прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Обвинителот во крим соопшти дека Костенко бил обвинет за намерно нанесување на штета врз здравјето и му е одреден притвор од два месеци. Татарскиот активист од Крим, Искендер Кантемиров исто така е ставен во двомесечен притвор, врз основа на обвиненија за „масовни нарушувања“ во близина на кримскиот парламент во февруари 2014 година.

Кримските Татари и другите проукраински активисти се судрија со проруската толпа во близина на Парламентот во Крим на 26 февруари, еден ден пред зазем,ањето на зградата од страна на вооружени лица во необележани униформи. Напаѓачите останаа во Парламентот, руската војска се распореди низ целиот полуостров, а неколку дена подоцна пратениците гласаа за приклучување кон Русија.

XS
SM
MD
LG