Достапни линкови

Киев тврди дека нови 1500 руски војници влегле во Украина


Украинската војска денеска соопшти дека во последните 24 часа најмалку 1500 руски војници ја преминале границата и влегле на украинската територија, зголемувајќи го бројот на 10.000 руски трупи, за кои Киев тврди дека се распоредени во источниот дел на Украина да им помагаат на проруските сепаратисти.

Украинскиот воен портпарол, Андреј Лушенко во Киев изјави дека при новите руски распоредувања се вклучени 300 парчиња воена опрема, како ракетните системи „Град“, околу 170 возила, како камиони, танкери за бензин и автомобили. Украинскиот претседател, Петро Порошенко ја на 21 јануари ја обвини Русија за испраќање на повеќе од 9.000 војници на украинска територија и за 500 тенкови, тешка артилерија и оклопни возила.

И покрај повеќе докази, рускиот претседател Владимир Путин негира испраќање на руски војници во источна Украина. Американскиот потпретседатл, Џо Бајден на 7 февруари рече дека Русија мора или да излезе од Украина или да се соочи со продолжената меѓународна изолација и проблемите со домашната економија.

XS
SM
MD
LG