Достапни линкови

Шест загинати во напад со дрон во Авганистан


Авганистанските официјални лица велат дека при напад со дрон загинале шест лица, вклучително и командант на милитантите, кој е осомничен дека неодамна побегнал од Талибанците за да и се приклучи на милитантната група на Исламската држава.

Шефот на полицијата и заменик гувернерот на јужната провинција Хелманд изјавија за Ројтерс дека Мула Абдул Рауф е убиен вчера при напад на дрон кој го гаѓал неговото возило. Началникот на полицијата Наби Јан Мулахел рече дека пет луѓе се убиени, вклучително и роднина на Рауф. Исто така беше соопштено дека Рауф регрутирал милитанти во провинцијата Хелманд.

XS
SM
MD
LG