Достапни линкови

Банката ХСБЦ им помагала на богатите да избегнат даноци


Втората по големина комерцијална банка во светот, ХСБЦ се соочува со штетни обвинувања дека нејзиниот оддел во Швајцарија им помогнал на богати клиенти да избегнат милиони долари давачки за даноци.

Обвинувањата следат откако викендов беа објавени на интернрт околу 60 илјади тајни досиеја со детали за повеќе од 10 илјади клиенти на ХСБЦ, вклучително на меѓународни криминалци, бизнисмени, политичари и познати личности.

Документите покажуваат дека ХСБЦ во повеќе од 200 земји активно им нуделе помош на клиентите за нелегално да ги одбегнат даноците со поставување на тајни сметки во Швајцарија, кои содржат повеќе од 119 милијарди долари. Фајловите беа украдени од ХСБЦ во 2007 година од страна на компјутерски специјалист за безбедност и дадени на француската влада, предизвикувајќи кривични истраги во неколку земји.

Долументите исто така биле добиени од страна на Меѓународниот конзорциум за истражувачки новинари, преку францускиот весник Ле Монд. Документите исто така биле споделени со Би-Би-Си, Гардијан, американската телевизиска емисија 60 минути, Зидојче Цајтунг и со повеќе од 45 медиуми во светот.

XS
SM
MD
LG