Достапни линкови

Украина осуди напаѓачка на активист на Еуромајдан


Судот во источна Украина осуди жена за тепање на ранет проевропски активист. Судот во градот Харкив, кој е контролиран од владините сили ја прогласи за винивна за хулиганство 53 годишната медицинска сестра, Олга Воржеинова од градот Чугујев. Таа е осудена на 18 месеци ограничена слобода.

Пресудата значи дека Воржеинова ќе биде испратена во казнена колонија, каде затворениците работат во државно индустриски објект. Осудените имаат право во одредени денови да го напуштат затворот и да ги посетат нивните роднини и пријатели.

Видеото кое покажува како Воржеинова на Еуромајдан го удира активистот Володимир Силевич, деновиве брзо се ширеше на интернет. Снимката покажува како Силевич е тешко ранет и крвари. Видеото е направено за време на судирите меѓу проруските и проевропските активисти на 13 април 2014 година.

XS
SM
MD
LG