Достапни линкови

Коментари од читателите во очекување на „бомбата“


Архивска фотографија: Протест против обвинитетите во акцијата „Пуч“,

Архивска фотографија: Протест против обвинитетите во акцијата „Пуч“,

Полициската акција „Пуч“ и најавената „бомба“ од опозицискиот лидер Зоран Заев се најкоментирани теми на нашата интернет страница изминатата недела.

Сè е насочено кон тоа Груевски да дојде до 'бомбите'. Да не беше протестот на меѓународната заедница веројатно Заев досега ќе беше в затвор, иако тоа допрва би можело да следи - напишал во својот коментар Митре од Скопје по нашиот текст „Повици за линч и медиумско лудило“.

Одговорноста за состојбите и идниот развој со стабилноста и безбедноста на државава ја сносат коалиционите партнери во власта.

Пиле, пак, потсетува на „сличните сценарија на ДПМНЕ: кога во 2001 година беше одлучено за извлекување на борците на ОНА од Арачиново и кога насобраната маса пред Собранието извикуваше слични пароли како Груевски сега во обраќањето до нацијата, дека 'ние не сме Македончиња туку Македонци', и кога претседателот Трајковски одважно им се обрати на насобраните демонстранти, или кога во 1999 година беше запалена американската амбасада во Скопје, сите беа Македонци, нели? - пишува Пиле. „Одговорноста за состојбите и идниот развој со стабилноста и безбедноста на државава ја сносат коалиционите партнери во власта“ - додава нашиот редовен посетител.

Заев нема власт, нема војска, нема полиција, туку тој бара демократија и право на говор на граѓаните.

Матреј, пак, од Македонија, напишал дека во земјава не смееш ништо лошо да напишеш против власта, веднаш, вели, ќе изгубиш работа или ќе те затворат.

Потпишан со „Македонец, не македонче“, по текстот „Заев тврди дека доказите се домашни, протести против него“, порачува дека не е важно од кај се доказите и дека обврска на секој граѓанин е да објави докази за криминал, а спречување на нивното објавување од страна на премиер е уште поголем криминал, односно велепредавство. Миле од Охрид повторно со обвинувања до Радио Слободна Европа дека е, цитирам, „медиумот на Гебелсот на режимот кој го финансира овој медиум има клучна улога во здружениот потфат за дестабилизација на Македонија.“

По прегледот на пишувањето на неделниците, слушател потпишан со „Репер“ од Скопје, напишал дека сите се партиски обоени, а Радио Слободна Европа е, цитирам, „единствениот објективен медиум кој претставува репер за вистинита информација“. За Станко од Свицера, како држава и како Македонци сме во ропство од вмровското зло на чело со Груевски и само тој може, како што коментира, „да направи државен удар зашто тој има сè под команда. Заев нема власт, нема војска, нема полиција, туку тој бара демократија и право на говор на граѓаните.“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG