Достапни линкови

Охриѓани бараат преместување на центарот за нарко-зависници


Центар за лекување нарко-зависници во Охрид.

Центар за лекување нарко-зависници во Охрид.

Жителите на Охрид кои живеат во близина на центарот за лекување нарко-зависници сметаат дека тој треба да биде преместен. Властите велат дека бараат соодветен простор за дислокација.

Во непосредна близина на детска градинка е сместен центарот за нарко зависници во Охрид. Граѓани кои живеат во близина на центарот, како и родители кои ги носат своите деца во градинка, бараат негова дислокација. Велат дека со години на истата локација е сместен центарот и оти ниту еден повик досега не вродил со плод. Велат дека се случува да најдат и шприцеви во околината. Овој центар се наоѓа и наспроти Центарот за социјални работи во Охрид.

На секого му смета. Прво на градинката и смета, има мали деца. Се случува да спијат по зградите.

„Не е добро да биде до градинката, за децата и за сите тука. Ако може да се дислоцира ќе биде најдобро“, рече една жителка на Охрид.

Детска градинка во Охрид.

Детска градинка во Охрид.

„На секого му смета. Прво на градинката и смета, има мали деца. Се случува да спијат по зградите“, вели еден жител кој живее во близина на центарот.

„Бараат луѓето две-три години да се дислоцира центарот“, вели друга жителка.

Се надеваме дека во следниот период ќе најдеме соодветен простор и ќе биде извршена дислокација.

„Решението е за децата и градинката. Деца мали има, гледаат, излегуваат од овде. За шприцеви да не правиме муабет“, вели граѓанин.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при неговата неодамнешна посета на Охрид, рече дека во соработка со Општина Охрид барале простор каде што би се овозможила дислокација на центарот за нарко зависници.

„Јас при посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кои живеат околу центарот за социјални работи. Бараме соодветен простор кој мора да биде во државна или општинска сопственост. Се надеваме дека во следниот период ќе најдеме соодветен простор и ќе биде извршена дислокација. Мора да имаме во предвид дека за корисниците на центарот за нарко зависници треба да бидеме свесни дека и тие луѓе треба да имаат подршка во овој центар и од страна на државните институции и од граѓаните“, рече Спасов.

XS
SM
MD
LG