Достапни линкови

Најавена ирачка офанзива против милитантите на ИД


генерал Џон Ален

генерал Џон Ален

Американскиот координатор на меѓународната коалиција против милитантите на Исламската држава генерал Џон Ален изјави дека ирачките сили ќе започнат копнена офанзива во наредниве недели за да ја преземат контролата врз териториите што сега се во рацете на џихадистите. Претходно Јордан соопшти дека само во изминативе три дена извел 56 воздушни напади врз цели на Исламската држава при што биле уништени центри за логистика и стоваришта за муниција и оружје. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека од почетокот на воздушната кампања во минатиот август досега биле повратени 20 насто од териториите освоени од милитантите во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG