Достапни линкови

Отфрлени најавите за измени на законите за хонорари


Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа и остануваат на барањата доставени на 12 декември, од кои првото е повлекување на овие законски измени. „Одбиваме да бидеме предмет на манипулации со цел да се амортизира незадоволството на илјадници граѓани кои протестираа и бараа укинување на законите откако беа соочени со откази, намалувања и доцнења на приходите. Затоа остануваме на најавата за протести в петок во 14 часот.“, порачуваат потписниците на Повелбата. Вчера најава за измени на законите за хонорарци пристигна од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG