Достапни линкови

logo-print

Уште две лица приведени во акцијата „Пуч“


Уште две лица се приведени во рамки на акцијата „Пуч“, соопштија од МВР. Лицата, како што е наведено соработувале со веќе пријавените кои се товарат дека со употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. Едниот бил поранешен, а другиот моментално вработен во МВР. Од МВР наведуваат дека според досега документираните сознанија, двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финансиски наградени.

XS
SM
MD
LG