Достапни линкови

Нови уапсени во рација на француската полиција


Француската полиција уапси уште шест лица во најновите напади против тероризмот по нападите од почетокот на јануари во кои загинаа 17 лица. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенув соопшти дека рациите биле спроведени во јужните градови Тулуз и Алби. Како што јавуваат агенциите, притворените биле триесеттина годинии се осомничени за справување со сомнителните трансфери на пари и помош прирегрутирањето луѓе да одат на Сирија и Ирак. Франција спроведе серија рации против тероризмот од кога вооружени лица поврзани со Сирија ги нападнаа канцелариите на сатиричниот магазин Шарли Ебдо на 7 јануари, при што загинаа 12 лица, беше убиена полицајка следниот ден, а сето тоа заврши со инцидент во кој загинаа четворица заложници. На 3 февруари полицајци во Ница беа нападнати со нож, што резултираше со повреди на двајца од нив.

XS
SM
MD
LG