Достапни линкови

Зариф: Нема потреба од продолжување на рокот за договор


Министерот за надворешни работи на Иран соопшти дека нема потреба за понатамошно продолжување на рокот на договорот за нуклеарната програма на Техеран. Говорејќи на меѓународната конференција за безбедност во Минхен, Мохамед Џавад Зариф, рече дека натамошно продолжување на договоротне е во интерес на никого. Тој исто така рече дека ноемвриската одлука за продолжување на крајниот рок за договор до 30 јуни не е "нужно или корисно." САД, Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија поминаа 12 години во ќор-сокак со Иран и неговата нуклеарна програма, за која Западот смета дека се користи за да се создаде оружје. Групата од шест нации е во потрага по безбедносни гаранции во замена за укинување на економските санкции наметнати врз Иран. Во соопштението на 8 февруари, иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека немањето договор е подобро одлош договор.

XS
SM
MD
LG