Достапни линкови

Нов самит за украинската криза во Минск


Портпаролот на германската влада соопшти дека лидерите на Германија, Франција, Украина и Русија ќе одржат самит на украинската криза во Минск на 11 февруари. Соопштението уследи по телефонскиот разговор помеѓу Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Владимир Путин, и Петро Порошенко. Портпаролот на Меркел, Штефан Шејберт соопшти декачетворицата водачи разговарале за понатамошните мерки за мировниот план во текот на разговорот кој тој го опиша како долготраен. Разговорите се во насока на решавање на десетмесечниот вооружен конфликт меѓу украинските сили и про-руските бунтовници во источниот дел на регион Донбас во Украина.

XS
SM
MD
LG