Достапни линкови

Кери: САД и Европа се обединети во поддршката за Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека нема разлика меѓу САД и Европа кога станува збор за руската вклученост во Украина. Говорејќи на меѓународната конференција за безбедност во Минхен, Кери негираше дека двете страни се поделени, велејќи дека САД и Европа се обединети и работат заедно во поддршка на Украина. Тој, исто така, предупреди дека ако Русија продолжи да ја дестабилизира источна Украина, Западот ќе биде принуден да ги зголеми трошоците на Русија. Коментарите наКери следат по извештаите на Европската опозиција за потенцијалните планови на САД да го снабдат Киев со оружје. Германија и Франција соопштија дека евентуалното снабдување оружје на Украина самоќе ја продолжи војната меѓу украински војници и про-руски бунтовници во источниот Донбас регион.

XS
SM
MD
LG