Достапни линкови

Иванов: Да се почитува меѓународното право и за Македонија


На билатералните средби во Минхен, македонскиот претседател Ѓорге Иванов укажал за нашата состојба бидејќи, како што рече, можевме да слушнеме дека најчесто се повикуваат на почитување на меѓународното право.

- Укажав дека тоа е и нашиот проблем што го имаме со нашиот сосед, затоа што отсуствува почитувањето на меѓународното право и веќе донесените договори кои постојат. Укажав и на тоа дека Македонија долго време е блокирана поради непочитувањето на меѓународното право од страна на нашиот јужен сосед и оти за нас треба да важат оние позитивни искуства кои ги имаме во нашиот регион за паралелно движење на процесот на преговарање за членство во ЕУ, кој го трансформира нашето општество, изјави Иванов. Тој појасни дека сите земји од нашиот регион ги трансформираа своите општества и сите нивни институции се прилагодени на европските стандарди и принципи односно се менува целиот амбиент.

- Токму тоа е она што нас ни недостасува и поради блокадата ги гледаме и актуелните состојби кај нас во земјата и до каде сето тоа води, рече претседателот Иванов, додавајќи дека неговите соговорници пројавиле интерес за се она што е закана за нашиот регион како што се тероризмот и странските борци.

XS
SM
MD
LG