Достапни линкови

Пакистан го блокираше Јутјуб на неодредено време


Властите во Пакистан соопштија дека забраната на земјата на Ју тјуб ќе важи на неодредено време. Веста ја потврди неименуван официјален претставник на владата, еден ден откако пакистанскиот министер за информатичка технологија и телекомуникации, Ануша Реман, изјави дека забраната останува да важи. Пакистан го блокираше овој сајт во септември во 2012 година, откако беше објавен филмот "Невиност на муслиманите", кој предизвика протести низ целиот свет поради потсмевањетона исламот. Од тогаш, пакистански официјални лица изјавија дека не нашле начин да ги филтрираат богохулните содржини, освен со блокирање на каналот ЈуТјуб целосно. Активистите за слободен говор велат дека Исламабад ја користи религијата како изговор за она што тие велат дека е монтирана цензура. Во 2010 година, Пакистан ја затвори страницата Фејсбук за речиси две недели поради објавувањето на наводно богохулни страници. Тој исто така продолжува да блокира илјадниционлајн линкови.

XS
SM
MD
LG