Достапни линкови

Дипломатски напори за смирување на украинската криза


Дипломатскитe напори за смирување на конфликтот во источна Украина продолжуваат на 8 февруари Украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин треба телефонски да разговараат со лидерите на Германија и Франција. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на 6 февруари отпатуваа во Киев, а на 5 февруари во Москва за да им понудат нов мировен план. Повеќе од 5.350 луѓе се убиени во источна Украина во борбите меѓу украинските сили и про-руски бунтовници од април 2014 Неодамнешното крвопролевање го натера Вашингтон да ја разгледа опцијата за вооружување Украина, потег за кој се спртиставија некои европски лидери. На конференција за безбедност во Минхен, на 7 февруари, Меркел рече дека испраќањето оружје на Киев "нема да доведе до напредок каков што на Украина и треба." Американскиот потпретседател Џо Бајден, говорејќи на истата конференција, рече дека Вашингтон е подготвенда ја обезбеди Украина со средства за да се брани, велејќи декапремногу пати претседателот Путин вети мир, а донесетенкови, војници и оружје.

XS
SM
MD
LG