Достапни линкови

Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина


Федерика Могерини

Федерика Могерини

Во Брисел утре по девет месеци застој, ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тимовите за првпат ќе ги предводат премиерот Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа. Разговорите ќе бидат со посредство на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини. Продолжувањето на дијалогот се случува во момент на влошени односи меѓу двете страни, поради одлуката на Мустафа да го смени министерот за враќање Александар Јаблановиќ. Белград наведе дека тој едностран потег ќе го отежне дијалогот и останувањето на листата Српска во Владата ќе зависи од проценката по бриселскиот состанок. Последната рунда од дијалогот беше одржана на 31 март минатата година по покровителство на тогашната висока претставничка на ЕУ Кетрин Ештон. До застојот се дојде поради институционален вакуум во Приштина.

XS
SM
MD
LG