Достапни линкови

#ТикТакТикТак времето на македонскиот Квислинг и Шеќеринска измина


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Заев ги држи Македонија и македонскиот народ во заложништво. Македонскиот народ и нашата држава не смеат да бидат предмет на неуспешен профил на политичар, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„Нема ниту една друга земја којашто повеќе патела од својот народ и своите синови изроди, како Македонија!“ - Гоце Делчев.

Соработката со тајни служби, поседување илјадници податоци за секој граѓанин, уцени, закани, таканаречени пленуми, лажни стечајци, огромни соросови фондови наменети за сето ова. Ми личи како кус опис на мафијашки филм за една банда која одамна е одродена од својот народ.

Tокму пред многу години кога македонскиот народ се борел за креирање на сопствена држава и сопствени органи, синдромот на самоуништување и тогаш бил присутен кај одредена група на луѓе. Воглавно луѓе што ги интересирал само сопствениот интерес, не грижејќи се што ќе се случи со Македонија. Кодошеле, уценувале, ги продавале своите браќа што се борат со оние што не нè сакаат, како народ, но нè сакаат под нив. Протерувани, презирани и осудувани од сопствениот народ, веќе отуѓените (не)Македонци секогаш завршувале исто и народот им пресудувал.

Истата ситуација некако ми се пресликува и сега и искрено како млад човек, кој е горд на својата држава која конечно забележува одлични и водечки резултати на многу полиња, се срамам што ни се случува токму ова.

Соработката со тајни служби, поседување илјадници податоци за секој граѓанин, уцени, закани, таканаречени пленуми, лажни стечајци, огромни соросови фондови наменети за сето ова. Ми личи како кус опис на мафијашки филм за една банда која одамна е одродена од својот народ и по цена на штета на истиот и понатака ќе си ја работи својата „работа“.

Замислете го следното холивудско сценарио кога една „мафијашка банда“ доаѓа на власт помогната од странски тајни служби, банда која народот 9 пати ѝ кажа дека не ја сака, а последниот пат со 200 илјади гласови разлика, почнува да си го враќа долгот кон оние што ѝ помогнале. Е тука веќе власта е во рацете на странците и што сакаат ќе прават со нашата држава. Пустошење, терор врз сопствениот народ, уривање на државнички интереси.

Еден момент кој многу добро го запазив и искрено не ме изненади: ЗЗ ја нема поддршката ниту од младите во сопствената партија. Врхушката на подмладокот во текот на целиот овој процес на расфрлање со бомби од страна на нивниот лидер, за кој неколку пати потајно се имаат произнесено дека не им е лидер по мерка, беа дистанцирани од целата актуелна ситуација. Едно е јасно: и тие самите знаат дека последните погрешни чекори што ги направи нивното раководство на партијата, многу ќе ги чинат.

Верувам и сигурен сум, и тие како и сите млади во државава си ја сакаат својата држава и се загрижени за нејзината иднина. И кога размислиле дали треба да бираат „самоуништување“ или да се задржи теркот на успех, на отворање нови работни места, на нови факултети, нови странски компании, на нови комодални автопати, на влог во здравството и образованието, на навиката да нашата држава веќе е дел од секое големо натпреварување, тие го одбрале второто. И не случајно, туку поради тоа што им е доста од деструктивноста на нивните водачи. Смачено им е од нивното лажење.

#ТикТакТикТак, штом и младите од СДСМ беа дистанцирани целиот период, па со партиска наредба од два-тројца луѓе мораа да се активираат, не по своја волја.

Згора на сè, Заев ги држи Македонија и македонскиот народ во заложништво. Македонскиот народ и нашата држава не смеат да бидат предмет на неуспешен профил на политичар. Заев од понеделник ќе објавувал бомби. Одлично, нека ги објави идните бомби кои ќе одекнат во Велес, Битола, Прилеп или на истокот на Македонија, бомбите кои ќе вработат илјадници луѓе кои СДСМ ги избрка.

Е кога Заев ќе објави таква бомба во негово лично име, тогаш ќе може да се бори легитимно за довербата кај граѓаните. До тогаш, единствениот начин за враќање од политичкиот неповрат на Заев и СДСМ се странските служби.

#ТикТакТикТак, штом и младите од СДСМ беа дистанцирани целиот период, па со партиска наредба од два-тројца луѓе мораа да се активираат, не по своја волја, веќе е јасно.

#ТикТакТикТак времето на македонскиот Квислинг и Шеќеринска измина.

XS
SM
MD
LG