Достапни линкови

logo-print

Во БиХ одбележана годишнината од протестите


Во неколку градови во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат протести, на годишнината од масовните демонстрации на незадоволните граѓани од социјалната и економската ситуација во земјата, кои прераснаа и во насилство. Во Тузла околу 500 граѓани повторно ги доставија своите приоритени барања до новите власти и им дадоа рок од сто дена за нивно исполнување. Тие побараа ослободување од какви било прекршочни или кривични одговорности за учесниците во февруарските настани 2014 година, како и повторно отворање на фабриките „Дита“, „Аида“, „Ливница“, „Коњух“ и други кои имаат перспектива. Потпретседателот на Синдикатот на солидарноста Енес Тановиќ наведе дека тоа е мирен собир, но оти нема таков да остане доколку Владата на Тузланскиот кантон во дадениот рок не ги реши проблемите на граѓаните. Собир имаше и во Сараево. Пред зградата на Претседателството на БиХ околу сто граѓани носеа и на плоштадите во Зеница, во Мостар, во Бихаќ и во Бања Лука.

XS
SM
MD
LG