Достапни линкови

logo-print

Остра реторика меѓу Путин и Бајден


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со Студената војна и ќе се спротивстави на каква било доминација во светот од страна на една нација. Денешните забелешки на Путин се дел од серијата провокации кон западните земји, кои пак воведоа санкции за Русија во врска со нејзиното мешање во Украина и кои вршат притисок кон него да се откаже од поддршката насепаратистите кои се борат со владините сили таму.

-Што се однесува до идејата дека војната се водеше против нашата земја, нема да има војна, фала му на Бога. Но, сосема е јасно дека постои обид да се задржи нашиот развој со разни средства ", ја цитираат руските новински агенции неговата изјава за време на Конгресот на синдикатите во црноморскиот туристички град Сочи.

Јасно укажувајќи на САД, Путин изјави дека светскиот поредок што ќе се појави по распаѓањето на Советскиот Сојуз е доминиран од страна на "еден неприкосновен лидер кој сака да остане таквов - лидер кој се претпоставува дека сè е дозволено со него, но кој на другите и го овозможува само она што тој го дозволува и што ги исполнува своите интереси, па затоа како што рече Русија никогаш нема да биде задоволна со овој вид на светски поредок.

На ваквите коментари на Путин експресно одговори американскиот потпретседател Џо Бајден. Тој изјави дека ниту една земја нема сфери на влијание и секој има "суверено право да го избере својот сојузник". Бајден изјави дека Путин се соочува со "остар" избор: а тоа е или да излезе од Украина или да се соочи со меѓународна изолација и економски проблеми во земјата. Бајден вели дека сепаратистички функционери и "обучени борци" во источниот дел на Украина "директно му одговараат на Путин", додавајжи дека се додека Русија го менува курсот, меѓународната заедница ќе продолжи да "наметнува трошоци" за нејзиното "кршење на меѓународните норми."

XS
SM
MD
LG