Достапни линкови

Нови жртви на милитантите на ИД


Официјални лица и очевидци велат дека милитантите на Исламската држава изгореле најмалку три живи луѓе во западниот дел на провинцијата Анбар во Ирак. Жртвите, жители на областа во близина на градот Хит, околу 200 километри западно од Багдад, се осомничени за информирање на ирачките безбедносни сили за движењата на милитантите. Дописниците јавуваат дека милитантната група, исто така, ги обвинила жртвите за охрабрување на луѓето да се приклучат кон племенските сили кои се борат против тоа. Официјален претставник на Анбар изјави дека дека една од жртвите бил поранешен полицаец. Жителите на областа, наводно, биле принудени да дојдат до местото на горење и да го гледаат инцидентот. Убиствата, кои доаѓаат непосредно по објавувањето на видеото на кое се гледа запалувањето на заробениот јордански пилот Муат Касаесбех, е првиот познат пример на цивили кои се живи изгорени во знак на одмазда за своето противење со милитантната група.

XS
SM
MD
LG